Хуманитарна акција за децата со аутизам

Од:

Под мотото „Разбери, прифати, помогни“ Inner Wheel Club од Скопје во соработка со здружението „Во мојот свет“ денеска организираат хуманитарна акција за собирање средства за децата со аутизам.

За време на акцијата  децата со аутизам од здружението „Во мојот свет“ ќе цртаат цртежи, кои ќе бидат продавани на пунктови во трговскиот центар. Покрај креативната работилница, децата ќе настапат и со свои музички точки и рецитали.

Посетителите ќе имаат можност да се вклучат во процесот на креирање и создавање на цртежите, да си купат цртеж и со тоа да донираат во специјалните кутии кои ќе бидат поставени.

Собраните средства од акцијата која ќе се одржи и е поддржана од Рамстол Мол, ќе бидат наменети за подобрување на општата состојба на децата со аутизам. 

Би можело да ве интересира

Мехмедовиќ: Не постои релевантен доказ дека вакцини предизвикуваат аутизам

Мајката на аутистичното момче за „А1он“: „Едвај стои на нозе, предозиран е од лекови“

Орце Костов

Зоран Мијалков поднесе пријава за расистички и ксенофобични пораки за децата со аутизам против вевчанецот Србаковски

Соучениците издлабиле свастика на тинејџер со аутизам: „Такво нешто не сме виделе со децении“

Кампања по повод Светскиот ден на аутизмот

Ана Ололовска

Ковачевски: Владата продолжува со силна поддршка за лицата со аутизам и нетипичен развој

А1он