Кампања по повод Светскиот ден на аутизмот

Од:

Македонското научно здружение за аутизам (МНЗА) по повод 2 април – „Светскиот ден на аутизмот“ започнува онлајн кампања под наслов „Градење на инклузивно општество за аутистичните луѓе“, а ја спроведува заедно со членовите на Аутизам Европа.

Кампањата за 2023 година, како што соопшти Здружението, е можност да се размислува за напредокот постигнат досега за заедницата со аутизам и за работата што останува за подобрување на животот на аутистичните лица и нивните семејства.

-Би сакале да ги повикаме националните креатори на политики и другите засегнати страни да обезбедат целосно уживање на правата и потребите на аутистичните лица во Македонија, согласно Конвенцијата на Обединетите нации за правата на лицата со попреченост (UNCRPD). UNCRPD е ратификувана од 45 од вкупно 46 земји-членки на Советот на Европа (СЕ), вклучително и од сите земји-членки на ЕУ и од самата Европска унија во 2010 година. Манифестот на Аутизам Европа можете да го симнете на македонски јазик ОВДЕ, нагласуваат од МНЗА.

Членови на МНЗА на 13 март учествуваа на меѓународната конференција на универзитетот Алма Матер Еуропеа во Марибор, Словенија, каде што презентираа научни трудови за аутизам и модерираа сесии за аутизам.

МНЗА на 28 март организираше вебинар со вонр. проф. д-р Маргарет Бауман, педијатриски невролог од универзитетот во Бостон, а на 20 април ќе организира следен вебинар со вонр. д-р Лаурен Москович, психолог од „Сент Џон“ универзитетот во САД.

Во текот на месец април членовите на МНЗА ќе преземат и други активности во смисол на поддршка за подобар и поинлузивен живот на лицата со аутистичен спектар на нарушувања.

-Следната недела на нашите социјални медиуми Фејсбук, Твитер, Линкедин, Инстаграм ќе бидат споделени многу банери и постери со интересна содржина. Луѓето што сакаат да ја подржат кампањата можат слободно да ги споделуваат овие пораки користејќи го хаштагот #AutismDay2023, додаваат од МНЗА.

Би можело да ве интересира

Мехмедовиќ: Не постои релевантен доказ дека вакцини предизвикуваат аутизам

Мајката на аутистичното момче за „А1он“: „Едвај стои на нозе, предозиран е од лекови“

Орце Костов

Зоран Мијалков поднесе пријава за расистички и ксенофобични пораки за децата со аутизам против вевчанецот Србаковски

Соучениците издлабиле свастика на тинејџер со аутизам: „Такво нешто не сме виделе со децении“

Ковачевски: Владата продолжува со силна поддршка за лицата со аутизам и нетипичен развој

А1он

Меѓународна конференција за индивидуално насочено планирање кај лицата со аутизам

Ана Ололовска