Холивудска премиера на „Пајни: осамената елка“

Од:

Во Волф театарот во склоп на Академија за телевизиски уметности и науки во Лос Анџелес премиерно беше прикажан „Пајни: осамената елка“ – краткометражен филм по сценарио и режија на познатиот холивудски тандем Тимоти Хутен и Тод Едвардс, за кој комплетната анимација, продукција и постпродукција ја изработи компанијата „В хаус анимејшн“ од Скопје.

Дамјан Митревски, извршнен директор на „В хаус анимејшн“ вели дека со компанијата „Hardy Howl“ и режисерите Тимоти и Тод, имале повеќегодишна соработка на различни проекти.

-Договарањето за Пајни почна многу порано, но поради претходни ангажмани на нашата компанија, мораа да нè почекаат за формално да ја почнеме реализацијата, која траеше девет месеци. По стотици часови поминати онлајн, на релација Скопје – Лос Анџелес, беше вистинско задоволство што можевме да го видиме финалниот производ, на големото платно, директно во Холивуд. Навистина сме горди на честа и вниманието кои ни беа укажани на премиерата и по неа, и е вистински успех да се види името на нашето студио и на нашите артисти од Македонија, рамо до рамо со докажаните холивудски филмски креатори, истакна Митревски.

Од „В хаус анимејшн“ ја пренесуваат и изјавата на режисерот Тимоти Хутен кој вели дека во измината декада имале задоволство да работат со Дамјан Митревски, со продуцентот Сашо Пешев и со тимот на „В хаус анимејшн“ на повеќе проекти.

-..Постигнеме класичен, прекрасен и стилски врвен изглед. Тоа е најголем дел од „тајната состојка“ на студиото, еластична приспобливост, поради што знаевме дека соработката со нивните уметници од врвен калибар како и раководството, ќе донесат врвна естетика соодветна и за на телевизија, и за на големото платно. Најдоброто нешто е дека низ годините прераснавме од колеги во пријатели. И покрај тоа што ние сме во Холивуд, сметаме дека Скопје ни е сосед поради силното филмско партнерство кое се надеваме дека ќе расте во следните децении, изјави Хутен.

Приказната во „Пајни: осамената елка“ го следи необичното пријателство на деветгодишната Џорџи и нејзината омилена елка Пајни, чија единствена желба е да биде празнична, новогодишна елка во домот на девојчето. Кога Пајни по грешка ќе биде ставен во следната празнична пратка, Џорџи и нејзиниот дедо ги поминуваат сите места со новогодишни елки, во обид да го најдат Пајни пред празниците да завршат.

Приказната е базирана на делото на авторката за книги за деца Џејн Вест Бејкеринг, која заедно со сопругот Џеј Бејкеринг преку компанијата „Haylett Entertainment“ се извршни продуценти на анимираниот филм.

„Пајни: осамената елка“ наскоро ќе има дистрибуција на еден од познатите ТВ-стримери – Нетфликс, Амазон или Епл ТВ.

Би можело да ве интересира

Добитникот на Еми ја продава куќата, поради штрајкот во Холивуд останал без пари за храна

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Никол Кидман го „пецна“ Том Круз: „Сега можам да носам штикли“

Предраг Петровиќ

Позната актерка која умира, се разведува, а нејзиниот сопруг се грижи само за едно

Ана Ололовска

Позираше без фотошоп за насловна, а сите гледаат во нејзините пазуви

Ана Ололовска

Ѕвездата на филмот „Американска пита“ се најде на листата на 100 највлијателни во 2023 година

Предраг Петровиќ

Хали Бери позираше целосно гола на тераса: Општ колапс на мрежите поради оваа фотографија

Ана Ололовска