Турското Здружение на производители на месо донесе одлука да „протера“ 40 холандски крави, во знак на протест затоа што Владата во Хаг да не им дозволи на турски министри да одржат митинзи во Холандија во пресрет на уставниот референдум во Турција.
Како што објави турскиот весник „Хуриет“, претседатлот на Здружението, Булент Тунк изјави дека во знак на протест решиле да вратат во Холандија симболичен број крави.
– Доколку Холанѓаните не ги примат кравите назад, ние ќе ги однесеме во кланица, а потоа ќе го подариме нивното месо, додаде Тунк.
Поради спорот меѓу двете земји, Градското собрание на Истанбул вчера донесе одлука да го раскине Протоколот за збратимување со холандскиопт град Ротердам.