На фотографија споделена на социјалните мрежи Хејли Бибер нежно гледа во своето куче, кое се чини дека изнуди повеќе симпатии од нејзините стомачни мускули и од сетот долна облека на „Викторијас сикрет“ кој го рекламира.
На нивната страница на Инстаграм, „Викторијас сикрет“ споделија фотографија од манекенката и нејзинoто кучeнцe, а во описот на објавата стои: „Не можеме да одлучиме што е послатко, комплетот или кученцето на Хејли Бибер“.
Русокосата убавица (25) носи крем градник и килоти за рекламна кампања на модниот бренд, а во рацете го држи својот пресладок малтешки јорки по име Оскар, кого го посвои во декември 2018 година.
Фановите имаа мешана реакција. На некои од нив им се допадна фотографијата, давајќи коментари „убава“ и „каква жена“, но четириножниот манекен го освои денот изнудувајќи повеќе коментари и црвени срциња: „Оски“, „Извини, но Оскар е победникот тука“. Некои дури и искоментираа: „Кученцето, сетот не е сладок. Извини“.