Градоначалник забрани носење панталони „со спуштен струк“

Од:

Градоначалникот на Вајлдвуд во американската сојузна држава Њу Џерси, Ернест Тројано забрани носење панталони пониско од 7,6 сантиметри под колковите во неговиот град, кој излегува на брегот на Атланскиот Оекан.

– Погледот на изложената гола кожа или долната облека е непристоен, рече Тројано, кој со вакавата одлука им се придружи неколкуте помали американски градови кои веќе ја воведоа оваа забрана.

Работата да биде уште по интересна, на шеталиштата и улиците кои не се во близина на плажите, луѓето ќе мораат да носат чевли и маици и нема да можат да се шетаат во бикини или во костими за капање.

– Семејство, кое доаѓа овде повеќе од 30 години, беше вознемирено и најави дека нема повеќе да доаѓа, затоа што не сака нивните деца да гледаат туѓи задници или голи делови од телото, изјави Тројано, додавајќи дека секој прекршител на забраната ќе биде парично казнет.

Казните се движат од 25 до 100 американски долари за прв прекршок и по 200 долари за оние кои ќе решат да го прекршуваат законот повеќепати.

Би можело да ве интересира

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска

Автомобил слета на првиот кат од куќата и за малку ќе завршеше во спалната соба: Како успеа да го направи ова?

Предраг Петровиќ