„Октоберфест“ е манифестација за љубителите на пивото, добрата храна и секако убавата забава, но оваа година тоа задоволство ќе чини повеќе во споредба со лани.
На еден литар баварско пиво ќе чини 10,10 евра што е за три проценти повеќе во однос на минатата година.
Цената на пивото е многу пониска во маркетите во Минхен, но организаторите не дозволуваат внесување на никаков вид пијалак или храна во кругот на „Октоберфест“.
Безалкохолните пијалаци на фестивалот се продаваат по цена од 7,71 до 8,51 евра за литар.
„Октоберфест“ се одржува секоја од 20 септември до 5 октомври и се повеќе се претвора во виситнски панаѓур. Тоа е последица на огомната посетеност и атмосферата која ја нуди. Ваков настан задолжително треба да се посети барем еднаш во животот.