Крис Севи, адвокат од Тенеси, поднесе тужба против компанијата „Епл“ затоа што нивните производи овозможуваат неограничен пристап до интернет порнографијата, јави „Хафингтон пост“. Тој тврди дека е жртва на тие „неограничени можности“.
Неговата тужба на 50 страни почнува со изјавата дека тој „ги сака произвоите на компанијата“, но смета дека компанијата мора да има некој вид на заштита која би ги блокирала порнографските содржини на нејзините уреди.
Се започна кога Севи сакал да пристапи на неговиот Фејсбук налог, но поради грешка во чукањето, испратен е до страницата со порнографски содржини, затоа што наместо „Facebook“ отчукал „F**kbook“. Ова го трауматизирало:
– Тој повеќе не може да прави разлика меѓу интернет порнографијата и вистинскиот сексуален однос заради содржината на која беше изложен по пат на Епл производот, кои не успеале на време да му укажат на сите опасности од онлајн порнографијата.
Во прашање е особено необичен случај и сите со големо исчекување ја чекаат одлуката на судот.