„Норвиџиан Ер Шатл“ и онака веќе во проблеми поради доцнењето на летовите, во вторникот морал да го одложи летот за Њујорк за цели пет часа, колку што траела потрагата по глувче во пилотската кабина.
– Моравме да бидеме сигурни дека глушецот не прегризал ниту еден кабел или жица, изјави потпаролот Шарлот Холмберг.
„Норвиџиан“ минатата година стана првиот европски нискобуџетски превозник кој лета на други линии, но низа техничи проблеми со новиот Боинг 787 Дримлајнерс доведе до чести доцнења.
Дримлајнерс во функција е 18 часа дневно, што е пет до шест часа повеќе од традиционалните превозници, па секое доцнење предизвикува значајно нарушување во редот на летањето.
– Барем глувчето е фатено, истакна Холмберг.