Гери Мартин за роденденот на кафулето „Излет“ во Скопје

Од:

Познатиот диџеј од Детроит Гери Мартин утре ќе настапува во „Излет“ по повод прославата на роденденот на ова скопско кафуле.

Гери Мартин е еден од хероите на детроитското техно. Уште од 1993 година е сопственик на издавачка куќа „Технотика рекордс“. Неговите испродуцирани музички траки изобилуваат со длабоко емотивна мелодија.

Забавата, по повод осмиот роденден на „Излет“ почнува со диџеите Маци Стојановиќ и Самоил Радински, а ѕвезда на вечерта ќе биде познатиот диџеј од Детроит, Гери Мартин. Истиот ден сопственикот на кафулето „Излет“, Огнен Узуновски со свој диџеј сет во периодот меѓу 13 и 17 часот ќе настапи на фрекфенцијата на Џез фм радиото.

Многу познати македонски диџеи продефилираа низ кафулето изминативе години, претставувајќи го својот избор на музика, и исто толку странски диџеи. Затоа „Излет“ претставува значајно место околу профилирањето на културниот живот во Скопје, успевајќи сиве овие години на спои неколку генерации на едно место.

– Почнувајки со „Баланс“ промотерската кука, која се формираше во 2000 година ми се случи и првиот контакт со угостителството. Баланс работеше на различни локации од плажите на охридското крајбрежје до скопскиот саем, па се до различни клубови низ Скопје. Така се здобивме со различни искуства, како во промоција на домашни и странски артисти, така и со работа во угостителството, по што во 2009. одлучив да го отворам Излет Кафе. Замислата околу Излет беше многу слична со тоа што го промовираше „Баланс“ изминатите години на македонската музичка сцена, а тоа се различни музички жанрови претставени од домашни и странски артисти, вели Узуновски.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Скопје

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Пожар во куќа зад Универзална сала

Катерина Ѓуровски

Се судрија две возила, во сообраќајката повредена е малолетничка од Скопје

Комшија чува кокошки во зграда во Скопје, не знаат каде да пријават – законот јасен, ни маче и куче не смее да се чува на тераса

Анита Петровска Рајковиќ

Уапсени двајца скопјани затекнати како се дрогираат во стан на дилер од Скопје – уапсен и дилерот

Четири лица нападнале и тешко повредиле скопјанец

А1он