Геј венчавка во кадетска капела

Од:

Во Кадетската капела на американската воена академија Вест Поинт, денеска првпат во историјата на најпрестижната американска школска установа, се венчани лица од ист пол.

Невести беа Пенелопе Гнесин и Бренда Сју Фултон, двете дипломки на Вест Поинт, а на венчавката беа околу 250 гости. Церемонијата ја водеше воен свештеник.

Двојката, која е заедно од 17 години, во 1999 година ја потврди врската на граѓанска церемонија за размена на брачни завети, која меѓутоа, нема правна вредност.

Бракот на двете припаднички од ист пол стана можен дури минатата година, кога државата Њујорк, каде се наоѓа воената академија Вест Поинт, ги легализира истополовите бракови.

Би можело да ве интересира

На Македонките најмногу им се брза да се омажат – најмлади стапуваат во брак во регионот

На свадба во Италија се урна плафон, 64 повредени, петмина се сo тешки повреди

Кривична за маж кој со автоматска пушка пукал на свадба во велешко

А1он

МВР: Уапсен е командир кој пукал со оружје на свадба

(ВИДЕО) Свадба во авион-невестата направи венчаница во тоалетот

Предраг Петровиќ

Невеста од Србија претепана на сопствената свадба: Имам исекотини и целата сум со модринки

А1он