Француско семејство уверено дека нивниот стан има дух, спие на балконот

Од:

Убедени дека нивниот стан е дом на дух на жена од 19. век, француска двојка повеќе од еден месец спие во шатор поставен на својот балкон.

Имено, како што пренесува „Одити сентрал“, Патрисија и Давид К. и нивните две деца се преселиле во стан во Општината Реплоњс, во источна Франција, во септември лани. Нивниот нов дом е простран, добро осветлен и модерен, но семејството не е во можност да ужива во него оти почнале да се случуваат чудни работи…

Патрисија тврди дека нејзината ќерка почнала да гледа чудни работи низ куќата набргу откако се вселиле, а по некое време целото семејство, како што велат, се уверило дека во нивниот стан се одвива некоја „паранормална активност“. Работите, наводно, станале толку лоши, што морале да постават шатор на балконот за да спијат во мир. И, така веќе повеќе од еден месец.

„Почна со црни сенки… Тогаш стануваше сè погласно – светлото ќе се изгасеше само од себе, телевизорот ќе се вклучеше сам, телефонот ќе замрзнеше без причина, садовите ќе создадеа чудни звуци итн.“, раскажува семејството.

Сити од „паранормалните појави“, парот побарал услуга од таканаречен „магнетизатор“ – човек кој користи магнетна енергија за откривање духови. По „извршениот увид“ во станот, тој им рекол дека е прогонуван од „заробен дух” на жена од 19-от век.

Бидејќи парот не може да си дозволи да се пресели, а компанијата што управува со зградата тврди дека се е во ред со станот, бидејќи претходно бил изнајмен двапати без несакани појави, семејството решило да спие во шатор. Повторно бараат нов стан, но засега чекаат и спијат на балконот.

Би можело да ве интересира

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска

Автомобил слета на првиот кат од куќата и за малку ќе завршеше во спалната соба: Како успеа да го направи ова?

Предраг Петровиќ