Информатичката икона Стив Џобс почина во октомври 2011 година, но веќе по два месеци на интернет се прошири „теорија на заговор“ дека тој е жив.
Тогаш се појавија фотографии од Полска со кои се „докажуваше“ дека Џобс не починал, туку дека се крие во оваа источноевропска земја.
Но, сега низ интернетот се шири нова теорија, за која е заслужен еден корисник на Редит кој објави фотогарфија и под неа напиша: „Стив Џопс е жив и е во Рио де Женеиро“.
На фотографијата може да се види човек во инвалидска количка, кој многу личи на Стив Џоб.
Времето ќе покаже дали се работи за личност која навистина личи на Џобс или пак тоа е само добра фотомонтажа.