Германската дога Зевс од Мичиген, висока 1,12 метри влезе во Гинисовата книга на рекорди како најголемо куче на светот.
Зевс е тежок 70, 3 килограми и кога ќе се исправи со предните шепи висок е скоро 2 метри.
Сопственичката на Денис вели дека тој е дружељубиво куче, сака да си игра со мачки и со други кучиња, обожува да се шета и да трча.
Зевс днeвно консумира околу 14 килограми храна, има 3 години и оваа година официјално стана најголемото куче во свет.