Професорот по менаџмент, Јан Лемонд, со помош на стриптиз се обидел да им објасни на студентите на Универзитетот во Лидс Метрополитан, како да станат уверливи и успешни продавачи.
Тој наместо класично предавање, играл стриптиз со што предизвикал револт и забуна кај присутните.
Универзитетот покренал истрага за овој настан, откако студентите на „Твитер“ објавиле фотографии од професорот. На фотографиите се гледа како се соблекува пред студентите и стои во долна облека.
-Не знам што се случува, зошто мојот професор е речиси гол.
-Се обидува да ни пренесе некаква порака, но јас навистина не разбирам што тоа би требало да значи- се дел од коментарите, кои што студентите ги напишале покрај фотографиите на професорот.
Како што пренесуваат медиумите, Лемонд не сакал да коментира зошто изведувал стриптиз на предавањето.
-Навистина уживам во комбинација на предавањата, особено пред стотици студенти во големиот амфитеатар. Доколку не сте страствени во тоа што го работите, тогаш не можете да ги инспирирате студентите, колегите, но ниту себе си- вели професорот.
Е. Г.