Дваесет и едногодишниот Џулијан Митермајер го собори светскиот рекорд во одење по жица, бидејќи помина неверојатни 224 метри на застрашувачка висина од 200 метри, на швајцарската брана Мовусан.
На тој начин за 10 метри го урна светскиот рекорд на Американецот Џери Мизевски.
– Одев 40 минути по жица на највисоката европска брана, на онаа каде што е сниман филм за Џемс Бонд- рече Митермајер и додаде дека на почеток му било страв и дека воопшто не очекувал дека при првиот обид ќе го собори светскиот рекорд.
Новиот светски рекордер во одење по жица рече дека не потклекнал поради менталната сила и дека бил доволно смирен да застане додека жицата не престане да се ниша.
-Чувството навистина е чудно. Браната е застрашувачка, но и мотивира истовремено. Како се приближував до средината се повеќе бев нервозен. Не чувствував дека одам кон целта, а стапалата започнаа да ме болат-признава тој.
Е. Г.