ФОТО: „Пивофест“ отворен со плескавица од 90 килограми

Од:

Во Прилеп синоќа беше отворен 12-от „Пивофест“.Илјадниците посетители ги забавуваа музички ѕвезди од земјава и од странство, а фестивалот го отвори Даниел Кајмаковски, победникот на Х- фактор.

pivofest-prvden-2014 (1)

Гостите на официјалното отворање ги поздрави градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески.

– Чест ми е што дојдовме до 12-то издание на најголемата македонска и балканска манифестација од ваков вид која нуди убав пенлив пијалак, вкусна надалеку позната скара и голема забава. Особено е убаво што има големи јубилеи годинава. Најголемите македонски пиварници прославуваат 90 години од постоењето, а градот ги одбележува своите 1000 години. Нека биде големата забава сите четири фестивалски дена, а прилепчани со големо гостопримство ве пречекуваат, им порача Ристески на посетителите од големата бина на плоштадот „Александрија“.

pivofest-prvden-2014 (2)

Кајмаковски изјави дека ова е големо искуство за него затоа што првпат е дел од манифестацијата и првпат настапува со свој бенд.

– Настапувам со голем репертоар песни, светски познати, а во меѓувреме работам на својот прв албум, рече Кајмаковски.

pivofest-prvden-2014 (3)

Една од двете најголеми пиварници во земјава, Скопската, на спектакуларен начин, токму на „Пивофест“, го одбележа 90-годишниот јубилеј, за што за сите гости на фестивалот беше приготвена пласкавица од 90 килограми месо. Плескавицата ја претставија, новиот генерален директор на Скопската пиварница, Александар Ружевиќ и градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески.

pivofest-prvden-2014 (4)

– Пиварницата прославува голем јубилеј, 90 години од своето постоење. Бидејќи ги навикна купувачите на рекорди, овој јубилеј го одбележуваме на спектакуларен начин со плескавица од 90 килограми. Секоја година од успехот, еден килограм плескавица за нашите конзументи и пријателите, изјави Ружевиќ.

pivofest-prvden-2014 (5)

Градоначалникот Ристески честитајќи им го јубилејот на Скопската пиварница им посака многу успеси и отворање нови работни места.

pivofest-prvden-2014 (7)

– Задоволство е што еден голем македонски бренд го одбележува јубилејот. Честитки за јубилејот. Скопска пиварница е македонски бренд и убаво е што е дел од оваа голема манифестација и што одбележува голем јубилеј токму на отворањето на „Пивофест“, рече Ристески.

pivofest-prvden-2014 (8)

Плескавицата четири часа ја приготвуваа 24 вработени во хотелот „Салида“.

pivofest-prvden-2014 (22)

– Направена е од познатиот прилепски амур за скара помешан со скопско што даде посебен вкус, вели Диме Ѓорѓиоски, еден од сопствениците на хотелот „Салида“ од Прилеп.

pivofest-prvden-2014 (9) pivofest-prvden-2014 (10) pivofest-prvden-2014 (11) pivofest-prvden-2014 (12) pivofest-prvden-2014 (13) pivofest-prvden-2014 (17) pivofest-prvden-2014 (20) pivofest-prvden-2014 (19) pivofest-prvden-2014 (21) pivofest-prvden-2014 (18) pivofest-prvden-2014 (16) pivofest-prvden-2014 (15) pivofest-prvden-2014 (6) pivofest-prvden-2014 (14) pivofest-prvden-2014 (23) pivofest-prvden-2014 (24) pivofest-prvden-2014 (25) pivofest-prvden-2014 (26) pivofest-prvden-2014 (27) pivofest-prvden-2014 (28) pivofest-prvden-2014 (29) pivofest-prvden-2014 (30) pivofest-prvden-2014 (31) pivofest-prvden-2014 (32) pivofest-prvden-2014 (33) pivofest-prvden-2014 (34) pivofest-prvden-2014 (35)

Би можело да ве интересира

Петмесечно бебе со голема кашлица хоспитализирано во Прилеп

Вандали уништиле мермерни плочки околу спомениците – Урни во Могилата на непобедените во Прилеп

Четири работнички од Непал му избегале на газдата во Прилеп, случајот пријавен во полиција

Орце Костов

Во прекин сообраќајот на патот Прилеп – Градско поради сообраќајка

Жена од Прилеп се заканувала дека ќе запали кафеана

Горан Наумовски

Одрон на патот Прилеп – Витолишта, сообраќајот се одвива отежнато

А1он