Наближува еден од најголемите фестивали на пивото, Октоберфест во Минхен. По тој повод убавиците на „Плејбој“ позираа со криглите пиво кои ги истураа по своите тела. Во текот на Октоберфест, Минхен ќе го посетат милиони туристи и вљубеници во пивото од целиот свет. Оваа традиција датира од 12 септември 1810 година, кога луѓето биле повикани на ливада во градот за да ја прослават венчавката на принцот Лудвиг од Баварија и принцезата Терезија Саксен-Хилдбургаусен. Оваа прослава со време прерасна во најголема светска пивска манифестација.