Најстарите луѓе на светот се жени кои се родени во 1800 години. Овие супер баби ги преживеале војните, но она што е неверојатно е што во времето кога се родени просечниот животен век бил 60 години.
Мисао Окава, 116, Јапонија
Окава е родена во Осака, Јапонија во 1898 година и е најстарото лице на светот. Таа живее во дом за пензионери и јаде три оброци дневно. Обожава да јаде суши, а нејзин совет за долг живот е луѓето да спијат барем 8 часа секоја ноќ.
Гертруд Вивер, 116, Арканзас
Вивер е најстарото лице во Америка и роденденот го слави на 4-ти јули. Таа живее во дом за стари лица, но секогаш е доста активна. Вели дека вербата е „виновна“ за нејзината долговечност.
-Мора да го следите Господ и никој друг. Бидете послушни и почитувајте ги правилата . Не грижете се за ништо, јас го следам многу години и се уште не сум изморена -вели Вивер.
Жерелин Тели, 115, Мичиген
Тели 52 години била во брак со својот сопруг, а откако тој починал таа живее со својата ќерка и ужива во игрите со своите правнуци. Нејзин совет за долг живот е „ на другите да им го правите она што би си го направиле себе си.“
Сузана Мушат Џонс, 115, Њујорк
Сузана обожава да појадува сланина и кајгана, што и не е некој рецепт за долг живот. Но таа освен проблеми со видот кој го има поради глауком, единствен здравствен проблем и е високиот крвен притисок. Таа има желба да носи убава долна облека.
„Никогаш не сте доволно стари за да се облекувате модерно“- вели Сузана.
Ема Морано Мартинузи, 115, Италија
Морено е родена пред почеток на новиот век односно во ноември 1899 година, Вели дека нејзината диета е заслужна за нејзиниот долг живот. Кога наполнила 20 години, лекарот и рекол да јаде по едно свежо и едно варено јајце и кон тоа се придржува и денес. Вечера, лесен оброк со една чаша млеко, а на спиење заминува околу седум часот и станува во шест.
Е. Г.