Секој греши и тоа не е страшно се додека не е во прашање грешка направена само поради отсуство на здрав разум.
Ширум светот има многу примери, а од нив може да се избор на најдобрите – од дрво среде патека, преку градење балкон на кој не може да се излезе, па до погрешно напишано предупредување на патот.
Некои луѓе едноставно се талентирани да погрешат.
А, можеби сепак во прашање е комбинација на тоа дека работата не ги интересира и отсуството на здравиот разум во моментот кога ја извршувале работата.
Фотографиите од целиот свет покажуваат до кои граници луѓето се подготвени да одат за да (не) ја завршат работата, макар и на катастрофален начин, пренесува РТС.
Колекцијата фотографии донесува примери на бојадисување околу објектот наместо нивно поместување, асфалтирање околу автомобил и слични докази на целосно неразмислување и мрзеливост во извршувањето на некоја така едноставна задача.