Импозантен примерок од голем јапонски рак пристигна во аквариумот на Центарот на морски животни во британскиот град Блекпул. Распонот на клештите му е 2, 7 метри и расте.
Станува збор за младенче, кое кога целосно ќе се развие, ќе има уште поголем распон на клештите кој може да достигне повеќе од три и пол метри. Во Центарот го нарекле Биг Деди по еден познат англиски борец.