ФОТО: Матурантите танцуваа квадрил и салса

Од:

Деветстотини четириесет и осум матуранти по осми пат денеска на градскиот плоштад „Македонија“ го заиграа танцот квадрил во рамки на „Матурската парада 2014“. Матурантите годинава играа и салса. Покрај скопските матуранти од 22 училишта, танцуваа и матурантите од Струмица, Гевгелија, Охрид и Струга.

Maturska parada 2014 (4)

Организатори на манифестацијата се Дирекцијата за култура и уметност-Скопје и Танцовиот клуб „Ритам плус“ од Скопје. Покровител е Град Скопје, а поддржувачи се Делегацијата на ЕУ во Македонија и Т-Мобиле. Помагатели се компаниите Горска и Секуриком.

Maturska parada 2014 (5)

„Матурската парада“ ја отвори скопскиот градоначалник Коце Трајановски кој истакна дека матурирањето е значајно за секој млад човек.

Maturska parada 2014 (6)

– Матурантите на симболичен начин, преку танц, игра, музика и дружење го одбележуваат своето матурирање. Верувам во младите луѓе, во нивната енергија, знаење, способност и ентузијазам дека ќе постигнат големи успеси во животот и оти ќе бидат подобри од претходните генерации, од нас, потенцира Трајановски.

Maturska parada 2014 (7)

Последните години составен дел на оваа манифестација е и изјавата/заклетва на матурантите за ненасилство, за толеранција и меѓусебна соработка.

Освен дружењето и танцувањето на младите, оваа манифестација има и натпреварувачки тек, да се постави Гинисов рекорд во категоријата истовремено синхронизирано одигрување на еден ист танц на различни места или во различни градови.

Maturska parada 2014 (8)

Никола Глигоров од Дирекцијата за култура и уметност-Скопје изјави дека годинава овој меѓународен проект се подготвувал во осум држави од Југоисточна Европа.

– Годинава не е воспоставен нов Гинисов рекорд заради објективни прилики. Матурантите во Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и Украина, кои се подготвуваа како и македонските матуранти изминатите месеци, денеска не танцуваа, рече Глигоров.

Maturska parada 2014 (9)

Собирањето и подготовките на матурантите почна денеска околу 9 часот на плоштадот „Македонија“. Од 10:30 до 11 часот матурантите дефилираа од градскиот плоштад „Македонија“, по кејот „13 Ноември“, пред хотелот „Холидеј Ин“, покрај улицата „Филип Втори Македонски“ до Собранието на Република Македонија и влегоа на плоштадот преку портата „Македонија“, каде имаа генерална проба.

Maturska parada 2014 (10)

Годинава девојките носеа розови маички и розови чадори, а момчињата црни маички со натписот „Матурска парада 2014“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Зурли и тапани, матуранти го блокираа Скопје

А1он

Честитка од 3.000 денари од градоначалникот Сашко Митовски за матурантите во Крива Паланка

A1on

Само 11 матуранти, а 22 професори во гимназија во Македонски Брод – Во еден клас ќе матурираат тројца

A1on

Матурантите се договорија со Заев, ќе има два екстерни и два интерни испити

Искра Манојлоска

ВМРО-ДМПНЕ бара поддршка од СДСМ и од сите други пратеници за предлог-законот за матура

Катерина Ѓуровски

Матурантите од денеска се на настава, до крајот на месецов ќе чекаат одлука од Собранието

Катерина Ѓуровски