Домашните мачки се познати по тоа што не сакаат вода, но тоа правило не важи за мачорот Рој, кој сам влегува во базен и сака да плива , вели неговата сопственичка Поли Новис, ветеринарна техничарка од Оксфордшир.
Таа додава дека мачорот го вдомила пред два месеци и дека доста бргу се вклопил во животот на нејзиниот имот на кој има пет коњи, две морски прасиња, зајак и три кучиња, кои обожаваат да пливаат.
Сопственичката забележала дека нејзиниот мачор не се плаши од вода и го однела на базен, но сепак купила безбедносен појас со рачка за полесно да го извади од вода.
-Тој не стравува од ништо, навистина е храбар. Еднаш се качи и на грбот на еден од моите коњи.
Полн е со енергија, плива околу 20 минути -рече Новис.
Е. Г.