Исто како и обичните луѓе и познатите личности чувствуваат страв и невообичаени фобии. Поранешниот тенисер, Андре Агаси страда од аранхофобија, односно стравува од пајаци. Од овој инсект се плаши и Џастин Тимберлејк, кој уште има фобии и од ајкули и змии, а не сака ниту да е сам.
Некои истражувања покажуваат дека дури 12 проценти од возрасните Американци стравуваат од пајаци. Џони Деп стравува од пајаци, но и од кловнови, што во медицината е познато како коулрофобија.
-Има нешто во тие кловновски лица и лажни насмевки, од што се згрозувам. Изгледаат многу мрачно и злобно. Кога ќе сретнам некој кловн, целиот ден не ми е добро-изјави Деп.
Инаку од кловнови стравува и реперот Паф Деди и актерот Даниел Редклиф.
Германската канцеларка, Ангела Меркел во детството ја каснало куче, па поради тоа таа и денес чувствува страв од овие животни. Поради тоа рускиот претседател, Владимир Путин секој пат кога таа ќе биде во посета на Русија, го користи својот лабрадор, за да се шегува со неа. Тој во 2006 година дури и и подарил еден мал лабрадор.
Мадона не сака да зборува за своите стравови, но познато е дека светската поп дива се плаши од лошите критики и стареење. Но, таа пати и од бронтофобија, односно од страв од громови.
Многу ѕвезди имаат и опсесивно-компулзивно пореметување, а некои од симптомите се често миење раце,наметливи и непосакувани сексуални и агресивни мисли и аверзија кон непарните броеви. Со аверзија кон непарните броеви се бори и познатиот фудбалер, Дејвид Бекам. Тој има потреба сите книги да бидат подредени по ред.
-Доколку местам лименки со пиво или сок во фрижидерот и ако бројот не е парен, една морам да ја извадам и да ја ставам на друго место-рече Бекам.
Познатиот актер, режисер и сценарист откри дека целиот живот пати поради различни облици на депресија и всушност затоа и неговите филмови се такви, со цел да се тргне од своите душевни проблеми.
Тој стравува од сончева светлина, канцер, деца, мали простории и височина. Инженерот и архитект на Ајфиловата кула, Густав Ајфел стравува од височина.
Кијан Ривс стравува од никтофобија, имено тој се плаши да остане сам во мрак.
Познатиот режисер, Алфред Хичкок кој што е познат по ексцентрично однесување, стравува од полицајци и од јајца.
-Еден начин за да се ослободам од стравовите е да снимам филмови со нив-рече тој.
Тенисерот Енди Роки толку многу стравува од зајковци, што на една забава побегнал кога видел маскота облечена во зајко. Тој потоа побарал маскотата да се одалечи од него, за да остане на забавата.
Опра Винфри стравува од гуми за џвакање и нејзиниот страв е толку екстремен, бидејќи забранува внесување на гуми во зграда каде што се снима нејзината емисија.
Актерот Метју Маконахи призна дека не сака да биде во близина на ротирачки врати и тунели.
Меган Фокс има големи проблеми кога треба да го прочита новото сценарио, бидејќи има фобија од хартија.
Помеѓу познатите има и многу кои што стравуваат од животни. Кантри пејачот Лајл Ловет се плаши од крави. Роберт Патинсон пат стравува од коњи, а неговиот колега Орландо Блум се плаши од свињи.
Волт Дизни пак панично стравува од глувци, а актерката Кристина Ричи од цвеќе, односно од стравот кој во науката е познат како ботанофобија.
Многу од познатите светски лидери стравувале од мачки, а меѓу нив се и Јулиј Цезар, Наполеон Бонапарта, Александар Македонски и Бенито Мусолини.
Е. Г.