„Форест Гамп“ доведе до нови научни сознанија

Од:

Речиси 30 години по објавувањето на оскаровскиот „Форест Гамп“ и незаборавните реплики како – „Животот е како бомбониера, никогаш не се знае што ќе извлечеш”, филмот сè уште предизвикува бури од емоции кај гледачите.

Научници од ИМТ школата за напредни истражувања во градот Лука, Италија, го искористиле овој факт како основа за научно-социјален експеримент. Се работи за еден вид „мапирање“ на емоциите што филмот ги предизвикува.

Оваа мапа е наречена „емоционотопија“. Во истражувањето учествувале 15-на доброволци, кои имале задача да го гледаат „Форест Гамп“, да ги опишат своите чувства за секоја сцена и да ги оценат на скала од 1 до 100. Тие податоци потоа биле споредени со наодите од функционална магнетна резонанца (ФМРИ), на 15 други лица кои го гледале истиот филм во друга фаза од истражувањата.

Научниците тврдат дека откриле нови сознанија за десниот темпорален лобус – дел од мозокот каде што се јавуваат сложени и интензивни аспекти на нашите емоции. Тој дел, како што се наведува, се активира истиот миг кога се случува напливот на чувства.

Д-р Пјетро Пјетрини, коавтор на научниот труд, истакнува дека со овие мапирања, психијатријата се доближува и до други гранки на медицината, така што натамошните испитувања можат да придонесат за поефикасно лекување различни ментални состојби.

Заклучокот на истражувањето наведува дека со запознавање со интензитетот и квалитетот на нашите емоции, води кон подобро разбирање на процесите што доведуваат до сериозни нарушувања, како што се депресија и разни фобии.

Би можело да ве интересира

Добитникот на Еми ја продава куќата, поради штрајкот во Холивуд останал без пари за храна

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Никол Кидман го „пецна“ Том Круз: „Сега можам да носам штикли“

Предраг Петровиќ

Позната актерка која умира, се разведува, а нејзиниот сопруг се грижи само за едно

Ана Ололовска

Позираше без фотошоп за насловна, а сите гледаат во нејзините пазуви

Ана Ололовска

Ѕвездата на филмот „Американска пита“ се најде на листата на 100 највлијателни во 2023 година

Предраг Петровиќ

Хали Бери позираше целосно гола на тераса: Општ колапс на мрежите поради оваа фотографија

Ана Ололовска