Според едно научно истражување, мустаците на фоките можат да им послужат при оценување на големината на одреден објект кој се наоѓа пред нив, пишува Би-Би-Си.
Морските цицачи се познати по нивните чуствителни краци и мустаци на лицето со помош на кои доаѓаат до нивниот плен, но научниците се обидоа да утврдат како тој систем на забележување навистина функционира.
Начниците од Унверзитетот Метрополитен во Манчестер по спроведеното истражување дојдоа до заклучок дека животните всушност пред објектот ги активираат мустаците специјализирани за мерење на големината, а утврдиле и со која брзина фоките се во состојба да ја измерат големина на работи пред нив.
Многу животински видови ги користат нивните мустаци како сензори за допир, а животните како глувците и стаорците ги користат да дознаат нешто повеќе за околината во која се наоѓаат. Морската вода е многу погуста од воздухот и бара поголем труд при движење, па научниците мислеле дека фоките ги користат со слична техника како и луѓето: пресметувајќи ја нивната големина врз основа на размерот на прстите.
Меѓутоа, наместо фоките да користат нивни мустаци како луѓето прстите, тие користат сосема друг принцип.
За да откријат како тој систем функционира, научниците на фоките им „укинаа“ некои сетила, така што им ставиле маски преку очите и им ги запушиле ушите со чепови, а потоа ги пуштиле да препознаат и да ја одредат големината на два диска користејќи ги само нивните мустаци.
– За да ја откријат големината на објектот, фоките користат специјален дел на муцката на која мустаците се најмали и најгусти. Овој дел на муцката има поголем простор за обработка на информации на таков тип, така што не е потребно да ги движат сите мустаци. Едноставно ја потпираат муцката и врз основа на тоа со колку мустаци ги допираат, создаваат претстава за тоа колкав е предметот кој се наоѓа пред нив.
Оваа „техника на четкање“ им помага да ја оценат големината на нивниот плен во ситуации кога водата е заматена и видливоста многу слаба, а целиот овој процес на идентификување трае помалку од половина секунди, соопштија научниците.