Феноменот на (не)среќните жени

Од:

Очекувањата на просечен човек во однос кон среќата често се преголеми и нереални, а под личен притисок на општеството се наоѓаат и жените. Истражувањата покажуваат дека наспроти подобрените услови за живот се понесреќни од пред 40 години. Сепак, да се дојде до среќа не е толку комплицирано како што изгледа…

Џон Ленон, член на популарните The Beatles, мајка му од мал го учела дека во животот најважна е среќата. При една прилика во училиште добил задача да напише што сака да биде кога ќе порасне. Без многу мислење, одговорил дека сака да биде среќен. Учителот строго го прекорил бидејќи сметал дека не ја разбрал задачата, требал да одговори дека сака да стане пожарникар, лекар или учител. Ленон со самодоверба одговорил дека учителот е тој кој не го разбира животот.

Многу возрасни можат да му позавидат на такво зрело и длабоко сфаќање на најважниот дел од животот – среќата. Бидејќи, каков е животот без среќа? Несреќен лекар сигурно не може успешно да лекува пациенти, исто како и несреќен учител, не може да ја пренесе вредноста на среќата на новите генерации, ако и самиот не ја живее.

Дури 50 отсто среќа запишано е во гените

Среќата е широк поим кој ни покажува колку самите се сакаме и колку го сакаме својот живот. Може да опфати различни емоционални состојби, како радост, задоволство, еуфорија и триумф. Со тек на времето во различни култури се развиле и разни сфаќања за среќата. Во стара Кина среќата се темелела на добрата судбина и поволните надворешни околности. Во античка Грција се развил и етички став еудајмонизам, според кој среќата (еудаимониа) е состојба која човекот ја постигнува со исправно постапување, како и дека е најголемо добро и цел на човечкиот живот. Спротивно на тоа, многу современи општества ја гледаат среќата како субјективно задоволство, како нешто што можеме да го бараме, да го најдеме, обликуваме и контролираме.

Др. Соња Љубомирски, професорка по психологија од Калофорнискиот универзитет, во своите истражувања открила од што е истакена среќата. Таа заклучува дека дури 50 отсто среќа на поединецот е одредена во неговите гени. На 10 отсто влијаат животните околности и состојбите (како општествениот статус, богатството, животната старост, етничката и религиската припадност, образованието и општествените односи). Остатокот од не мали 40 отсто среќа е под наша контрола. Значи, ако се водиме од резултатите на нејзините научни истражувања, не можеме постојано да ја обвинуваме својата судбина, туку да ги засукаме ракавите и што подобро да ја исковаме сопствената среќа.

Среќните штедат повеќе, а трошат помалку

Некои фактори можат да влијаат на пониското или повисокото ниво на среќа, но најголем дел од среќата сепак е оптимизмот, среќните луѓе веруваат дека се господари над својата судбина. Помалку се склони на лоши навики, умерени се во пушењето и конзумирањето на алкохол. Поуспешни се во својата професија и заработуваат повеќе. Повеќе се дружат, покреативни се, сакаат добар хумор. Вешто ги решаваат проблемите и критичните состојби. Дека парите не можат да купат среќа, докажува и податокот дека среќните луѓе трошат помалку, а штедат повеќе. Тоа произлегува од тоа дека очекуваат дека ќе живеат подолго, па затоа и оставаат повеќе за во иднина.

Среќата не треба постојано да ја бараме. Среќата е тука, во нас и околу нас. На нас е да ја препознаеме и да и дозволиме да не благослови во сите животни авантури. Да научиме да се освестиме и да изразиме благодарност за тоа што веќе е присутно во нашиот живот, било да се работи за пријатен разговор со благајничка во продавница или неделен семеен ручек. Кога и да почувствуваме благодарност, треба тоа и да го изразиме на лицата кои се дел од таа ситуација. Така ќе научиме да станеме среќни забележувајќи настани и нешта во својот живот кои инаку можеби ги земаме здраво за готово.

Најсреќни се Данците

Колку материјалното богатство е потребно на современиот човек за да биде среќен?
Дали луѓето во развиените делови од светот се посреќни од другите? Науката се обидува да открие дали постојат разлики во видот и количината на среќата меѓу жителите од различни земји со оглед на економската развиеност. Општо мислење е дека животот во развиените земји е многу полесен и посреќен. Вистина, веќе неколку години по ред најсреќни луѓе ги прогласуваат Данците.

Но, тоа не мора да значи дека сите други се осудени на немање среќа. Имено, многу истражувања за среќата покажуваат дека зголемениот национален и личен доход, како и високото ниво на образование не донесува со себе задолжително и поголема среќа. Тој парадокс на среќата покажува дека постојаното барање за поголема среќа која вклучува и желба за повисока плата, може да доведе до повисок приход, но не и до поголема среќа. Животот се претвора во трка за повеќе и подобро, но без исполнување на таа првобитна цел – среќата.

oko.hr

Би можело да ве интересира

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска

Автомобил слета на првиот кат од куќата и за малку ќе завршеше во спалната соба: Како успеа да го направи ова?

Предраг Петровиќ