„Фејсбук“ потрошил милион долари за проверка на сопствениот безбедносен систем

Од:

Комапнијата „Фејсбук“ соопшти дека во изминативе две години им платила вкупно еден милион долари на 329 хакери, кои имале задача да ги откријат пропустите во безбедносниот систем на нејзината социјална мрежа.


Како што јави ИТАР-ТАСС, во сопштението се посочува дека ваквата програма се покажала како корисен начин за заголемување на безбедноста на податоците на корисниците на социјалната мрежа „Фејсбук“.


Најмладиот меѓу ангажираните хакери од 51 земја, имал само 13 години. Од вкупниот број хакери само 20 отсто биле од САД.


Ова не е првпат некоја компанија да ангажира надворешни хакери за проверка на безбедноста на нејзиниот систем. Во мај „Гугл“ соопшти дека поторшил 1,7 милион долари за исплата на „хонорари на експерти“ кои работеле на откривање на порпустите на неговиот безбедносен систем. Во јуни пак, „Мајкрософт“ понуди награди на оние кои се заинтересирани да учествуваат во проверката и откривањето на слабостите на бета верзијата на „Виндоус 8.1“.

Би можело да ве интересира

Севернокорејските војници распоредени во Русија станаа зависни од интернет

Горан Наумовски

Македонија има најбрз интернет во регионот

ЦУК: Куче паднало во шахта и ги изгризало оптичките кабли, без интернет биле „Филип Втори“ и Поликлиника „Букурешт“

А1он

Фејсбук и Инстаграм се вратија, корисниците можат повторно да се логираат

(ВИДЕО) Дел од профилите кои регрутираат граѓани за големата интернет измама за пари веќе не се активни, струмичката СмартКлик пријавила злоупотреба на името

Александар Тодески

(ВИДЕО) Масовна измама на интернет во Македонија, се нуди брза заработка

Александар Тодески