Естонец вратил книга што ја позајмил од библиотека пред речиси седум децении, а како главна причина за доцнењето го навел бомбардирањето во текот на Втората светска војна во кое зградата на библиотеката била тешко оштетена.
Претставник на Централната библиотека во Талин изјави дека 85-годишниот старец ја вратил книгата што ја земал на 7 март 1944 година, во време кога Естонија била под нацистичка окупација.
При враќањето на книгата мажот се извинил за доцнењето и се понудил да плати казна, што библиотеката го одбила.
Книга, роман на естонскиот писател Едуард Вајлд, се уште ги имала серискиот број и печатот на библиотеката што овозможиле нејзина идентификација.