Есенската аукција на „Сотби“ во Женева со два посебно вредни предмети

Од:

Бурмански сафир и колумбиски смарагди ќе бидат во средиштето на вниманието на есенската аукција на „Сотби“ во Женева во ноември.

Арт-деко нараквицата на Картие со бурмански сафир, порабена со два дијаманта, се проценува дека ќе достигне цена меѓу два и три милиони долари, изјави проценител од аукциската куќа. Дизајнирана во 1927 година, нараквицата има бурмански сафир, лабораториски заверен како „кралски син“ по боја, со два дијаманти во форма на круша.

Другиот посебен предмет на наддавањето, што ќе се одржи на 13 ноември, е смарагдно-дијамантски ѓердан, исто така – на брендот Картие. Тој вреди меѓу 3,5 и 4,5 милиони долари. Некогаш бил во сопственост на принцезата Салимах Ага Кан. Содржи седум колумбиски смарагди.

Би можело да ве интересира

Видео играта Супер Марио од 1985 година продадена на аукција за 114.000 долари

Ана Ололовска

Триптих на Френсис Бејкон од 1981 година продаден на аукција за 80 милиони евра

Ана Ололовска

Предмети од почетоците на хотелот „Риц” продадени за 1,7 милиони евра

Ана Ололовска

Писмо на Ван Гог и Гоген продадено за 210.000 евра

Ана Ололовска

Гитара на Принс и рачно напишани текстови на „Битлс“ одат на аукција

Ана Ололовска

Добротворна аукција за Ковид-19 фондот

Ана Ололовска