Кибернетичарите сметаат дека човечкото тело е застарен концепт и дека треба да се бараат начини да му се обезбеди на нашиот мозок нова, подобра лушша.
Луѓето во иднина нема да имаат тело, туку само мозок во рамките на внатрешна вештачка лушпа, која ќе биде способна да поднесе многу повеќе од овие во кои сега сме.
Ова го тврдат научници, како што е професорот Кевин Ворвик од Унвиерзитетот во Рединг. Овој експерт за кибернетика верува дека би требало да престанеме да се трудиме да го подобриме човечкото тело и неговата долговечност и издржливост, туку целосно да отстапиме од концептот тело.
– Мозокот е овде важен. Мозокот е клучен, рече Ворвик и додава дека е време радикално да ја унапредиме нашата лушпа за да направиме подобра, која ќе ни допушти да се населуваме во одалечените галаксии.
– Дури и тука, на Земјата, физичкото тело кое го имаме повеќе изгледи не ни одговара. Сега ни треба нешто подобро, тврди Ворвик.
Овој научник е познат по бизарните експеримети, како оној кога на раката му беше вграден чип, кој го направи киборг. Вградениот чип поврзан со негеовиот централен нервен систем, му овозможи далечински да ја контролира вратата, светлото, грејните тела и други апарати кои имаат прекинувач поврзан со компјутерот што е поврзан со имплантат во телото на Ворвик.
Ворвик пред некое време вгради и имплантат кој информациите од неговиот централен нервен систем ги префрлал до роботската рака. Благодарејќи на беспрекорниот трансфер на податоци, роботот точно ги повторувал движењата на Ворвик.
Кибернетичарот потоа го поврзал сопствениот централен нервен систем на интернет, на Универзитетот Колубија во Њујорк. Од таму Ворвик успеал да ја контролира роботската рака на Универзитетот во Рединг, па и да добие сензорни информации од врвовите на прстите на роботската рака.
Најголем успех на овој кибернетичар е оној кој ја отвора можноста за сонот за животот без тело, е Гордон, робот кој го движи мозокот на глувците. Ова суштество кое половина е машина, а половина животно, во целост ги контролира мозочните клетки на глувците и тоа може да донесе одлука каде ќе оди, па дури и дали некаде ќе оди. Сега научниците се обидуваат експериментот да го повторат со мозочните клетки на луѓето. Ако успее, тоа би значело дека постои можност еден ден целиот мозок да го вградиме во машина која ќе плива во Вселената.
– Целта ми е еден ден на друга планета да испратиме машина која ќе го контролира човечкиот мозок, рече Ворвик.