На милиони корисници на паметни уреди во светот еден од поголемите проблеми им е слабата конекција на интернет и непотребното спојување на мобилниот телефон на лош сигнал на Ви-Фи.
Но, компанијата „Епл“ најави дека со оперативниот систем иОС 11 планира да го реши овој проблем.
Многу мобилни телефони автоматски помнат некоја интернет конекција за да можат повторно да се поврзат на неа. Најчесто на многумина тоа добро им доаѓа ако секојдневно се движат по исти кафулиња, трговски центри или ресторани.
Меѓутоа тоа знае да биде и многу лошо бидејќи Ви-Фи сигналот кога е вклучен, константно бара интернет на кој може да се поврзе. Некогаш му е доволен многу слаб сигнал за да се активира, што на корисниците не им помага бидејќи не можат ниту да го покренат пребарувачот, а камо ли пак апликациите.