Епл есенва претставува четири нови смартфони

Од:

Американската корпорација Епл планира наесен да претстави четири нови паметни телефони со 5-Г технологија и да го осовремени дизајнот на моделите Про.

Според извори упатени во проблематиката, компанијата може да пушти само два топ-модела по претходно претставените „Ајфон 11 Про“ и „Ајфон 11 Про макс“. Дизајнот ќе биде сличен на „Ајпад Про“ од 2018 година, со малку позаоблени агли. Се очекува да бидат претставени и два нискобуџетни модела, кои ќе го заменат „Ајфон 11“.

Двата модела „Про“ ќе бидат надградени со 3-Д ЛИДАР системот, три камери на задната страна и голем екран.

Претставувањето на новите модели може да се случи неколку седмици подоцна од очекуваното.

Би можело да ве интересира

Кој е крипто-бегалецот кој се крие во Србија: Контроверзен Кореец ја оштети индустријата за 40 милијарди долари

А1он

„Епл” сака да го отстрани „Твитер“ од продавницата „Ап стор”, Маск збесна

А1он

Дејли мирор: Епл ќе го купи Манчестер јунајтед

Прв случај на вработени во малопродажбата на Епл да се приклучат на синдикатот

Ана Ололовска

Повеќе лица излегле од продавница во Амстердам каде вооружено лице држи заложници

А1он

Заложничка драма во продавница на Епл во Амстердам

А1он