„Епл” сака да го отстрани „Твитер“ од продавницата „Ап стор”, Маск збесна

Од:

Најбогатиот човек на светот и објави војна на најголемата светска технолошка компанија.

Илон Маск го обвини Епл за цензура и монополски практики во серија твитови, тврдејќи дека компанијата престанала да се рекламира на Твитер и се прашува дали Епл и неговиот извршен директор  „ја мразат слободата на говорот“.

„Епл се закани дека ќе го отстрани Твитер од својата дигитална продавница Ап стор, но тие не објаснија зошто“, напиша Маск на Твитер.

Маск, исто така, им се придружи на многу мали компании во бунтот против надоместокот од 30 проценти на Епл што компанијата го зема од секоја продажба преку Ап Стор.

Доколку Епл го блокира Твитер, новите корисници нема да можат да ја преземат апликацијата на нивните iPhone или iPad, а на постојните корисници ќе им бидат одбиени идните ажурирања.

Ова не е прв пат Маск да ја критикува продавницата за апликации на Епл. Тој во мај рече дека таксата од 30 отсто е „буквално 10 пати поголема отколку што би требало да биде“.

Во првиот квартал од оваа година, Епл беше најголемиот огласувач на Твитер. Компанијата потрошила 48 милиони долари за реклами на социјалната мрежа, според документот што го видел The Washington Post. Севкупно, рекламирањето на Епл на Твитер изнесува околу 4 отсто од приходите на Twitter во кварталот.

Би можело да ве интересира

Бразилски судија покрена истрага против Илон Макс

Катерина Ѓуровски

Илон Маск повеќе не е најбогатиот човек на светот

(ВИДЕО) Американци и Русин тргнаа со ракетата на Маск кон вселенската станица

Маск: Нема шанси Путин да ја загуби војната во Украина

Маск: Вградивме чип во човечкиот мозок

Горан Наумовски

Судот пресуди дека Твитер го прекршил договорот за исплата на бонуси на вработените

Горан Наумовски