Компанијата „Епл“ достигна пазарна вредност од над 800 милијарди евра, со што технолошкиот гигант стана прва компанија која го надминала тој праг.
„Епл“ тоа го успеа на вчерашното затворање на берзата, помалку од две и пол години откако го надмина прагот од 700 милијарди евра.
Вредноста на акциите на копмпанијата вчера изнесуваше 153,96 долари и со 5,21 милијарда акции, пазарната капитализација на „Епл“ достигна 802,7 милијарди долари.
Пред 10 години вредноста на „Епл“ на пазарот беше 100 милијарди евра.
Втор на листата на компании според пазарна вредност е „Алфабет“, чиј сопственик е Гугл, со 661,8 милијарди долари, а трет е Мајкрософт со 533 милијарди долари.