Епидемијата не ги ни допре: Ова се најплатените актери во 2020 година

Од:

Епидемијата навистина финансиски ги погоди филмаџиите и сопствениците на кино-салите, но актерите сепак успеаја некако да се провлечат. Барем оние од „А листата“ на Холивуд.

Ниту годинава не пропуштија десетици милиони долари по проект, а најголемите бројки ги зедоа овие ѕвезди:

Двејн Џонсон

За главната улога во претстојниот филм „Red Notice“, Џонсон доби „голем“ чек од околу 23,5 милиони долари, а неговата линија облека и обувки забележа неверојатен успех. Се проценува дека Рок заработил околу 87,5 милиони долари оваа година.

Рајан Рејнолдс

За улогите во филмовите на Нетфликс, „6 Underground“ и „Red Notice“ тој доби преку 20 милиони долари. Во јули Нетфликс го најави третиот филм со Рејнолдс во главна улога за кој најверојатно ќе добие уште неколку милиони долари. Проценките се дека во текот на 2020 година актерот се збогатил за уште 71.5 милиони долари.

Марк Волберг

„Spenser Confidential“ стана трет најгледан филм на платформата Нетфликс во март 2020, а Волберг заработи милиони и преку продуцирањето на документарните серии „McMillions“ и „Wahl Street“. Се на се оваа година тој заработи 58 милиони долари.

Бен Афлек

По краткиот пад, Бен Афлек се врати на големото платно со филмот „The Way Back“ како и преку Нетфликс со политичкиот трилер „The Last Thing He Wanted“ каде партнерка му беше Ен Хатавеј. Иако и двата филма не беа фалени ни од публиката, ниту од критичарите, актерот оваа година инкасирал 55 милиони долари, според магазинот Форбс.

Вин Дизел

Ако „Fast & Furious 9“ се прикажуваа во кино-салите оваа година како што беше планирано, оваа листа ќе изгледаше сосема поинаку. Филмот е одложен за април 2021, а Вин Дизел оваа година заработи само 54 милиони долари, најмногу благодарејќи на анимираната серија „Fast & Furious Spy Racers“.

Акшај Кумар

Единствениот актер на оваа листа од Боливуд, Кумар, своите 48, 5 милиони долари ги нема заработено само од серии, туку и од вложување пари во се и сешто, од мултивитамини до дезинфекција за тоалети.

Лин-Мануел Миранда

Ли Скорсби од His Dark Materials најголемиот дел од парите не ги заработил од оваа серија туку од бродвејскиот мјузикл „Хамилтон“ за која Дизни ги откупи правата. Филмот In the Heights базиран на овој мјузикл би требало да биде снимен идната година, а Миранда кој за прв пат се најде на оваа листа заработи 45,5 милиони долари.

Вил Смит

Филмот „Bad Boys For Life“ му донесе на актерот заработка од 44,5 милиони долари, а дополнително заработи пари и од филмот „King Richard“, каде го глуми Ричард Вилијамс, таткото на тенисерките Венус и Серена. Смит многу заработи и од своите профили на социјалните мрежи.

Софија Вергара

Најплатената актерка на малите екрани, оваа година заработи 43 милиони долари. Иако серијата „Modern Family“ заврши оваа година, Вергара си обезбеди место меѓу судиите во емисијата „Америка има талент“.

Адам Сендлер

Комичарот својот „нов дом“ го најде на Нетфликс и во јануари потпиша договор за четири филма, откако неговиот филм „Murder Mystery“ стана еден од најгледаните на таа платформа.

Анџелина Џоли

Филмот на Марвел за суперхероите, „The Eternals“ би требало да ја има својата премиера во февруари наредната година, но Анџелина Џоли од него веќе заработи 35,5 милиони долари.

Гал Гадот

За филмот „Red Notice“, Гадот доби 20 милиони долари, а со парите од „Wonder Woman“, спонзорства и други проекти, се проценува дека таа заработила 31 милиони долари.

Би можело да ве интересира

Добитникот на Еми ја продава куќата, поради штрајкот во Холивуд останал без пари за храна

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Никол Кидман го „пецна“ Том Круз: „Сега можам да носам штикли“

Предраг Петровиќ

Позната актерка која умира, се разведува, а нејзиниот сопруг се грижи само за едно

Ана Ололовска

Позираше без фотошоп за насловна, а сите гледаат во нејзините пазуви

Ана Ололовска

Ѕвездата на филмот „Американска пита“ се најде на листата на 100 највлијателни во 2023 година

Предраг Петровиќ

Хали Бери позираше целосно гола на тераса: Општ колапс на мрежите поради оваа фотографија

Ана Ололовска