Елка од пластични шишиња по трет пат ќе се прави во Скопје

Од:

И оваа година, по трет пат во Скопје, ќе се прави елка од пластични шишиња. На иницијатива на твитер заедницата, во Паркот на Франкофонијата, на 28. декември со почеток во 10 часот, ќе се прави новогодишна елка од пластични шишиња и други рециклирачки материјали.

На настанот секоја година, освен твитерџиите, присуствуваат и сите граѓани кои сакаат да помогнат со елката.

 „Започнавме со оваа акција со цел да ја подигнеме свеста за рециклирање на отпадот во Македонија“, вели Маја Марковска, еден од волонтерите во оваа акција.

„Сметаме дека употребата на пластиката и неселектирањето на истата при фрлањето укажува дека е потребно повеќе да се работи на овој проблем кој има големо влијание на животната средина“, додава Маја.

elkamk-2015

Ден претходно на 27. декември од 12 до 14 часот, пластични шишиња за елката ќе може да се донесат и донираат на досега рекордни 6 собирни пункта:

– Аеродром (пред ТЦ Бисер),

– Универзална сала

– Капиштец (пред ТЦ Беверли Хилс)

– ТЦ Лептокарија (пред кафе Флуид)

– Кисела Вода (споменик Тодор Александров)

– Населба Влае (Плоштад Делфина).

Организаторите ги повикуваат сите граѓани да се вклучат во акцијата, како со донирање на шишиња на пунктовите, така и во правењето на елката и порачуваат дека за сите ќе има топол чај, греана ракија и добра забава.

Тие се надеваат дека, како и минатите години, оваа акција ќе биде уште еден поттик самите граѓани да преземат поголема одговорност за чистотата на околината во која живееме, особено имајќи го предвид фактот дека живееме во енормно загадени средини.

Инаку, елката од пластични шишиња ќе ја откупи Пакомак а собраните средства ќе бидат донирани во добротворни цели.

Би можело да ве интересира

Колку луѓе ја дочекаа Нова година на небото? Во моментот на пристигнување на 2024 летале 10.560 авиони

А1он

Ковачевски со новогодишна честитка: Среќна Нова 2024, можеме, знаеме и умееме да обезбедиме подобар живот за сите

А1он

Првото бебе во 2024 година е машко: Се роди точно на полноќ

А1он

Новата година веќе пристигна во Кирибати

Нема огномет на плоштад за Нова Година, Град Скопје ќе ги донира парите

Катерина Ѓуровски

За празниците ќе дежурaaт поликлиниките Јане Сандански, Чаир, Ченто, Шуто Оризари, Ѓорче Петров, Драчево и Бит Пазар