Нема огномет на плоштад за Нова Година, Град Скопје ќе ги донира парите

Од:

Градот Скопје заедно со Комората на музичката индустрија за пречекот на Новата 2024 година организира целодневна забава за сите герерации на градскиот плоштад во Скопје со исклучиво домашни изведувачи меѓу кои Тин Камп, Скопје Лејдис Оркестра, Пауза за ракија, Тринити Стрингс, Слаткар, Дарио, Мерак Меана со Сузана Гавазова, Влатко Миладиновски, Стојне Николова, Душко Георгиевски и Блага Петреска информираат од кабинетот на градоначалничката Данела Арсова.

– Новата Година треба да биде надеж за подобро утре за сите. Затоа, оваа година средствата наместо за огномет повторно се пренасочени кон хуманитарни цели. Со тоа продолжуваме со поддршка на сите хуманитарни, граѓански и невладини организации со надеж дека ќе успееме да направиме новата 2024 година да донесе нова надеж кај сите граѓани, се вели во соопштението од Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Град Скопје: Трајко Славески не прифати седница за донирање на месечните паушали за Леонид

Предраг Петровиќ

Дива депонија во Визбегово, Арсовска најави кривични пријави

Стојановски: Утре изутрина од 4:45 часот јавниот градски превоз ќе продолжи нормално да функционира

Предраг Петровиќ

Советот на Град Скопје ја донесе одлуката за давање субвенции на ЈСП Скопје за 2024 година

Град Скопје: Вработените во ЈСП Скопје без плата, а граѓаните на Скопје без превоз

Левица: Итна седница на Советот на Град Скопје, Трудот на работниците во „Флораком“ и „Луна“ мора да биде исплатен

А1он