Првото бебе во 2024 година е машко: Се роди точно на полноќ

Од:

Првото бебе во 2024 година се роди на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје во 00. 00 часот. Бебето е од машки пол, тешко е 3.760 грама, долго е 52 сантиметри и е родено со Апгар 10/10. Како што информираат од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, породувањето беше извршено по природен пат.

Дежурната екипа на ГАК на чело со проф. д-р Горан Димитров ја породи 34-годишната родилка Наташа Стефковска од Скопје.

– На новороденчето му посакуваме добро здравје и среќно детство, се наведува во соопштението. Во првите 15 минути од Новата година на ГАК се родија три бебиња.

Би можело да ве интересира

Морничав случај во Велика Британија: Пет лица прикриле смрт и погреб на бебе

А1он

Бебе од Србија почина во Виена, приведени родителите

А1он

Бебе падна од првиот кат на зграда во подрум во Параќин

Гинеколог од Сремска Митровица во притвор, осомничен за акушерско насилство

А1он

Пронајдено е бебе во корпа за отпадоци во близина на Торино

Во Велес се роди првото бебе – машко во 2024 година