(ВИДЕО) Потресна снимка: Новороденче пронајдено во канта за ѓубре на аеродром во Малезија

Од:

Новородено машко бебе било пронајдено живо во канта за хигиенски отпад во тоалет за лица со попреченост на меѓународниот аеродром Пенанг во Малезија. Бебето го пронашла чистачка, откако слушнала плачење што доаѓало од кантата, објавија малезиските медиуми „The Star“, „New Straits Times“ и „Free Malaysia Today“.

Бебето било пронајдено на 31 август, а сè уште имало прикачени папочна врвца и плацента. Поради тоа, полицијата се сомнева дека детето било родено непосредно пред да биде оставено во тоалетот.

На снимка од спасувањето, која се прошири на социјалните мрежи, се гледа како вработени на аеродромот внимателно го вадат бебето од кантата обложена со пластична кеса. Новороденчето било пренесено во болница во Пенанг, а неговата здравствена состојба била оценета како главно добра.

Полицијата ги прегледала снимките од безбедносните камери, по што уапсила млада Малезијка и 22-годишен државјанин на Мјанмар, кој работел како обезбедување на аеродромот. Кај мажот не биле пронајдени валидни документи за престој во земјата.

Полицијата сè уште не потврдила дали уапсените маж и жена се родители на бебето. Од нив биле земени примероци за форензичко тестирање, со кое треба да се утврди нивната поврзаност со новороденчето.

Случајот се истражува според одредба од малезискиот Кривичен законик која се однесува на напуштање дете помладо од 12 години. За ова дело е предвидена казна до седум години затвор, парична казна или и двете.

Би можело да ве интересира

16-месечно бебе од Куманово е во болница откако испи бензин

Горан Наумовски

Бебе e пронајдено на клупа во Скопје

Горан Наумовски

Хорор во Тетово: Насилна мајка го удираше своето тримесечно бебе од асфалт

Горан Наумовски

Бебе од Куманово затруено со средство за чистење – заврши во болница

А1он

Истрага во Белград: Бебе е тешко повредено, родителите тврдат дека станува збор за момент на невнимание

Парична награда за првороденото дете во Берово во 2026 година