Една грешка и веднаш хит на интернет, па дури и понуди за работа

Од:

Секогаш кога аплицираме за некое работно место, многу внимаваме да не згрешиме. CV-то мора да биде беспрекорно точно и прецизно за да може да не престави соодветно.

Но, дваесетгодишната Ванеса Хојда, успеала да се престави себе си, баш како што треба, само што ја згрешила сликата.

Па место таа да биде потенцијалниот иден вработен, компанијата добила фотографија од популарниот глумец Николас Кејџ, пропратен, се разбира, со нејзините податоци.

Сама ја видела грешката, дури откако маилот бил пратен.

Место да се нервира и да се кае, таа тоа го сфатила шеговито, па на своја сметка и ризик сама си ја поставила грешката на интернет.

Веднаш станала хит, а добила и две понуди за работа.

Што ќе избере да работи, допрва ќе видиме. Претпоставуваме дека можеби по грешка, случајно ќе го погоди вистинското работно место.

И ако досега верувавме дека ова е можно само во Америка, ете сега се случи и во Канада.

 

Би можело да ве интересира

Скопје четврти на топ десет листата главни градови во Европа за најдобри ергенски и момински забави

Изречени 50 казни за прекршување на Ковид мерките во резиденцијата на Џонсон

А1он

Растурена забава во Скопје на која имало 10 малолетници

Катерина Ѓуровски

На забава во САД повредени се најмалку 25 луѓе, се срушил подот од куќата

ВИДЕО: Шпанската полиција растури нелегална новогодишна забава која траела 40 часа

Разврат во британските ноќни клубови пред да стапат во сила новите мерки против коронавирусот

А1он