Џеф Рејц во четвртокот го посети Дизниленд Ризорт во Анахајм 2.000 ден по ред. Тој наведе дека забавниот парк првпат го посетил со поранешната девојка на 1. јануари 2012 година, кога и двајцата биле невработени.
Рејц и откако се вработил и раскинал со девојката продолжил секојдневно да го посетува Дизниленд.
Во забавниот парк во Калифорнија, тој се сретнал со познати личности, се дружел со вработените и го посетил секој ресторан. Неговото омилено возење е „Matterhorn Bobsleds“.
Рејц истакнува дека не знае кога ќе прекине со секојдневните посети на Дизниленд, но е сигурен оти тоа нема да се случи до јануари следната година, кога му истекува годишната влезница.