(ВИДЕО) Посетителите вриштеа во Дизниленд: Се запали змејот кој блуе оган

Од:

Змејот се запали среде претстава во Дизниленд, но нема повредени. Пожарот избувна во забавниот парк во Лос Анџелес, за време на ноќната емисија „Fantazmic“

Змејот, кој беше од филмот Maleficent, се запали, а на снимките може да се види како блуе оган кој го зафати и него, додека музиката продолжува да свири во позадина.

Инцидентот се случи во забавен парк во Лос Анџелес и освен музика, може да се слушнат врисоци на посетителите.

Луѓето набрзо биле евакуирани. Противпожарната служба во Анахајм соопшти дека никој не е повреден во пожарот. Засега не се знае степенот на штетата од пожарот.

Островот Том Соер е дел од Дизниленд од 1956 година, а посетителите можат да влезат во светот на еден од главните ликови во книгата на Марк Твен, објави KABC-TV.

Би можело да ве интересира

Отворање на „Дизниленд“ од 30 април, но само за граѓаните на Калифорнија

Ана Ололовска

Можно отворање на Дизниленд до крајот на април

Ана Ололовска

Дизнилендот во Хонг Конг повторно ќе биде отворен

Ана Ололовска

Дизниленд во Париз и највисокиот кат на Ајфеловата кула отворени за посетителите

Жарко Настоски

Повторно се затвора Дизниленд во Хонгконг

Ана Ололовска

Парискиот Дизниленд ќе се отвора постапно од 15 јули

Жарко Настоски