Џулиен Мур конечно освои Оскар во својот 5-ти обид. Овојпат за главна женска улога, откако претходно во по два наврати беше номирина за главна и споредна улога.
„Почестена сум што ја добив оваа награда и затоа што стојам тука, сакам да им се заблагодарам на режисерите, на моите родители, на целото семејство. На татко ми што ми го покажа светот. Луѓето со алцхајмерова болест треба да бидат слушнати, треба да бидат видени“, рече Мур.
Таа беше во конкуренција со Розмунд Пајк, Риз Витерспун, Фелисити Џонс и Марион Котилард.