Џамбазов и „Гуру Харе“ на „Џојфест 2017“ во Крива Паланка

Од:

Организацискиот одбор на кривопаланечкиот рок-фестивал „Џојфест“ најави одлична програма со домашни изведувачи на годинашното шесто издание закажано за 19 август.

– Шеттото издание на „Џојфест“ во сабота ќе им понуди на посетителите атмосфера за паметење со Игор Џамбазов и „Гуру Харе“, извонредната Тамара Тодевска, како и „The black vice&Social club“ и Ки. И годинава, според досегашната пракса, очекуваме голем број посетители, гости од соседните градови, од цела Македонија, љубители на добриот звук и музика, како и од соседни Република Бугарија и Србија, изјави Александар Михајловски, уметнички директор на фестивалот.

Според него, фестивалот расте низ годините, а со тоа растат и заинтересираноста и апетитите на публиката. Програмата треба да започне во 20 часот на фестивалската сцена на плоштадот „Карпошово востание“, а како предгрупа ќе настапи младиот рок-состав од Крива Паланка, „Дупло-дно“.

Досега, во петте изминати години на фестивалот имаат настапено: „Ареа“, „Ван Гог“, Ален Исламович, Бајага и инструктори, Нокаут, Супер хикс, Бени и Нон -стоп, Иван Раденов, Некст Тајм, Партали, Машина, РГБ…

„Џојфест“ се организира под покровителство на општина Крива Паланка.

Би можело да ве интересира

Жена со здравствени проблеми нападнала негувателка, а потоа предизвикала пожар и починала

А1он

Општина Центар и Игор Џамбазов го одбележаа роденденот на маестро Џамбазов

Пуштен патот Крива Паланка -Деве Баир, Николовски најави повеќе нови проекти

Предраг Петровиќ

Наум Поцев го фати чесниот крст од водите на Крива Река

А1он

Селото Дренак во кривопаланечко десетина дена е отсечено поради снегот

Седумдесет и шестгодишен жител на Крива Паланка убиен во неговиот дом

А1он