Селото Дренак во кривопаланечко десетина дена е отсечено поради снегот

Од:

Дел од планинските села во Крива Паланка и Ранковце се уште се справуваат со проблемите кои настанаа со врнежите од снег. Селото Герман, Општина Ранковце, од вчера попладне има непречена сообраќајна комуникација со општината, откако екипите на јавното претпријатие за одржување и заштита на регионални и магистрални патишта, „Македониај пат“, успеаја да ги расчистат преостанатите десет километри пат што беа завеани.

Од ЈП „Македонија пат“, секција Крива Паланка, информираат дека патниот правец магистрала А2- село Герман е прооден, иако на места можно е да се појават наноси поради високата снежна покривка која изнесува над 80 сантиметри, а навевите на одредени делови изнесувале и над еден метар.

По врнежите од снег во саботата, ова село со околу стотина жители два дена беше отсечено, додека селото Дренак во Општина Крива Паланка,според информациите од Центар за управување со кризи, одделение Крива Паланка, веќе десетина дена е отсечено.

Селото Дренак има околу дваесетина жители и е оддалечено 40 километри од градот, а поради непристапноста на теренот и црниот пат, секоја зима жителите остануваат отсечени од сообраќајна комуникација речиси и по неколку месеци.
Сепак,состојбите се следат редовно од страна на надлежните и доколку е потребно, се врши дотур на храна и лекови.

Во планинското село Нерав во Крива Паланка, што се наоѓа на надморска височина од над 1500 метри, исто така има голема снежна покривка од околу 70-тина сантиметри, но според информациите од ЦУК и од ЈП Комуналец, расчистени се навреме и регионалниот пат Крива Паланка-село Огут и локалниот патен правец село Огут-село Нерав.

Би можело да ве интересира

Жена со здравствени проблеми нападнала негувателка, а потоа предизвикала пожар и починала

А1он

Најстудено на Попова Шапка, најмногу дожд во Крива Паланка

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица

Снег на повеќе патни правци, укината забраната за камиони на Пресека

На Алјаска падна повеќе од 2,6 метри снег, се урнаа покриви на згради

Слаб снег на Попова Шапка, Маврово, Плетвар и Ѓавато