Падна првиот снег на Копаоник

Од:

Снег денеска почна да паѓа на Копаоник. Минатата година, првиот снег на Копаоник падна во средината на септември.

Првите фотографии од снегот на оваа планина, која е водечки туристички центар во Србија, покажуваат дека снегот почна да паѓа, но со оглед на тоа што засега е слаб, сè уште не се формира поголем снежна покривка.

Актуелните податоци од метеоролошката станица на Копаоник, која се наоѓа на 1.710 метри надморска височина, покажуваат дека висината на снегот изнесува 0 сантиметри, односно дека сè уште не се формира снежен слој.

Според овие податоци, на Копаоник моментно е облачно, температурата изнесува 1 степен Целзиусов, дува умерен северен ветер, а влажноста на воздухот е 90 проценти.

Од друга страна, како што пренесува „Info Kop, тековните временски прогнози укажуваат дека во наредните денови на Копаоник се очекуваат пообилни снежни врнежи со десетици сантиметри нов снег, а некои модели предвидуваат дури и до 50 см.

Би можело да ве интересира

На Пелистер падна снег

Провејува снег во Маврово и Крушево и на премините Стража и Ѓавато

Од утре до петок врнежи од дожд, на планините снег

Денеска врнежи од дожд, на планините снег

На Попова Шапка најстудено -3 степени и 57 сантиметри снег

Зимска идила на Попова Шапка со 74 сантиметри снег