Првиот официјален ден од есента донесе и прва снежна покривка на највисоките планински предели во Македонија.
На Пелистер, највисокиот врв на Баба Планина, денеска се забележани првите снежни наноси за оваа сезона. Фотографии од побелените планински предели објави Националниот парк „Пелистер“ на својата Фејсбук-страница.
Есента на северната хемисфера и во Македонија почна ноќеска во 2:05 часот по полноќ. Календарски ќе трае до 21 декември во 14:50 часот, кога започнува зимата.
Според метеоролозите, во наредните денови времето ќе биде претежно ведро и постудено. Во петок попладне и во текот на ноќта кон сабота, под влијание на циклонска активност, се очекуваат врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни.
По нив следува период на стабилно време, со пониски утрински температури.
