Под контрола пожарот кај Пелистер, пожарникарите спречуваат ширење кон шумата

Од:

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, информира дека во текот на вчерашниот ден во државата биле регистрирани повеќе од 23 пожари на отворен простор, од кои утринава седум се сè уште активни, а најкомплексни за гаснење остануваат пожарите во подножјето на Пелистер и кај селото Градец во Општина Врапчиште.

Ангелов изјави дека пожарот што пред два дена избувнал на преспанската страна во подножјето на Националниот парк Пелистер, по интензивните напори на теренските екипи во текот на вчерашниот ден, ноќта и утринските часови, е ставен под контрола.

– Во текот на ноќта и утрово водевме жестока битка со огнените јазици. Можам да кажам дека пожарот е ставен под контрола и дека огнената линија, која вчера во попладневните часови ни избега е запрена, рече Ангелов.

Тој посочи дека на терен се ангажирани пожарникари од Ресен и Битола, тимови на ДЗС со пет специјализирани возила „пинцгауер“, доброволни пожарникари, како и екипи на Национални шуми. Во гаснењето од воздух е вклучен армиски хеликоптер со ведро со капацитет од три тони вода, а по потреба ќе бидат ангажирани и двата ер-трактори на ДЗС.

– Концентрирани се големи сили за ставање под контрола на овој пожар. Станува збор за еден од најтешките шумски пожари оваа сезона. Целта е да не дозволиме огнот да навлезе во квалитетната шума на Националниот парк Пелистер – истакна Ангелов.

Како втор сериозен пожар го посочи оној кај селото Градец во Општина Врапчиште, каде што огнот зафатил борова шума на тешко пристапен терен.

– Утрово со дејство започна полициски хеликоптер кој црпи вода од блиско езеро и интервенира на секои пет до шест минути. Хеликоптерот значително помага во запирање на ширењето на пожарот кон селото, рече Ангелов.

На терен се ангажирани гостиварските пожарникари, а по потреба ќе бидат упатени и дополнителни сили.

Според Ангелов, останатите активни пожари во моментов не претставуваат сериозна закана за населени места или за квалитетни шумски комплекси.

Тој упати апел до граѓаните за максимална внимателност, нагласувајќи дека и покрај навлегувањето во септември, ризикот од пожари останува исклучително висок.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар уништи еден од најпознатите париски пазари

Уапсен е 25 годишник во село во Старо Нагоричане – пијан предизвика пожар

А1он

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“ поради техничката хаварија

(ВИДЕО) Од пожар во кафуле изгоре трикатница во Грција

А1он

Снег заврна на Пелистер

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Гори магацин за бои и лакови во Железара

А1он