Целосно e изгаснат пожарот на Пелистер

Од:

После 72 часа непрекината активност на терен и три непроспиени пеколни ноќи на линија на огнот, битката за Пелистер е добиена, информира Иванчо Тошевски, директор на ЈУ Национален парк Пелистер.

Во соопштение до јавноста, Тошевски посочи дека станува збор за еден од најкомплексните пожари оваа сезона на територија на Македонија, во шума каде доминираат црн и бел бор и соодветно на тоа следуваше една од најкомплексните акции за гаснење на пожар на отворен простор.

-И покрај неповолните временски услови на терен, акцијата беше успешна благодарение на перфектната и совршена координација на терен помеѓу сите институции кои беа вклучени. Невозможното стана возможно затоа што единиците на НП Пелистер, ТППЕ Битола, ТППЕ Ресен, маханизација на ЈП од Општина Битола, ЈП Стрежево, Огнените сили на ДЗС, ДПД Архангел, ДПД Кочани, хеликоптерите на Воздухопловниот ВИНГ на АРМ, ер тракторите на ДЗС и голем број на приватни стопанственици и други доброволци беа непрекинато на терен без ниту една пауза во текот на целото деноноќие. Целата оваа поддршка беше обезбедена благодарение на директорот на Дирекција за заштита и спасување Стојанче Ангелов, посочи Тошевски.

Во битката за Пелистер сите учесници останаа будни и повеќе од 48 часа, информираа од ЈУ Национален парк „Пелистер“ Битола.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар уништи еден од најпознатите париски пазари

Уапсен е 25 годишник во село во Старо Нагоричане – пијан предизвика пожар

А1он

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“ поради техничката хаварија

(ВИДЕО) Од пожар во кафуле изгоре трикатница во Грција

А1он

Снег заврна на Пелистер

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Гори магацин за бои и лакови во Железара

А1он